Тетовец починал откако се превртел со натоварен трактор

by Fokus

Жител на тетовското село Глоѓи починал во текот на вчерашниот ден, откако со натоварен трактор со дрва се превртел, информираат од МВР.

„На 25.06.2020 во 13,30 часот во Полициското одделение Теарце било пријавено дека на локалниот пат с.Јелошник-с.Глоѓи, на место викано „Црвеница“ атар на с.Глоѓи, Љ.С.(53) од с.Глоѓи, управувајќи трактор „ИМТ 539“ на кој имало закачено приколка натоварена со огревни дрва, се превртел. Љ.С. починал на местото на настанот. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово, по што телото на починатиот било дадено на семејството“, додаваат од МВР.

Поврзани новости