Филипче: Сите сме заедно во оваа битка и секој еден од нас е важен

by Fokus

Северна Македонија се уште е во борба со пандемијата на корона вирусот, а министерот за здравство, Венко Филипче порача дека доколку се почитуваат препораките, тогаш борбата ќе биде многу полесна.

„Ја следиме ситуацијата со болничките капацитети и медицинскиот кадар и на дневна основа, по потреба, правиме прилагодувања и ротации за да одговориме и на овој предизвик. Но, она што за нас е најважно, е поддршката на граѓаните, нивно целосно почитување на мерките и солидарност. Ако ова го имаме, многу брзо ќе ја надминеме оваа состојба. Сега кога во целост, постепено, се враќаме кон редовните животни активности, повеќе од било кога е важно сите да дадеме свој придонес во спречување на ширењето на вирусот. Сите сме заедно во оваа битка и секој еден од нас е важен“, напиша тој на својот профил на Фејсбук.

Фото – Томислав Георгиев

Поврзани новости