541
Во сообраќајна несреќа на локалниот пат помеѓу село Групчин и село Седларево на влез во тетовското село Седларево, вчера на полноќ загина 34-годишниот Љ.А. Од сообраќајката со тешки повреди се здобија двајца сопатници кои се превезувале со веќе починатиот во патничкото моторно возио „УАЗ“.
„Љ.А.(34) од село Седларево управувајќи патничко моторно возио „УАЗ“ со тетовски регистарски ознаки се излизгал од коловозот, удрил во дрво и се превртел. Од здобиените повреди Љ.А. починал на местото на настанот а двајцата сопатници Ш.А.(37) и И.И.(23) се здобиле со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Клинички центар Тетово, се пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза”. Извршен е увид на местото на настанот“, велат од МВР.