Адвокатите ја оставија Јанкулоска сама во судница, судијката се закани дека ќе и постви адвокат по службена должност

by fokus 10:19
10:19

Адвокатите Сања Алексиќ и Боро Тасевски денеска ја оставија екс министерката Гордана Јанкулоска сама во судница, на судењето за случајот Тенк, по што судијката Добрила Кацарска се закани дека ако не се појават набрзо ќе ги казни со високи парични казни, а на обвинетата ќе и постави адвокат по службена должност.

Адвокатите на Јанкулоска во моментот се на судењето за случајот Насилството во центар, каде што го бранат поранешниот премиер Никола Груевски.

- Advertisements -

Судијката Кацарска и рече на Јанкулоска да ги извести адвокатите, по што тие набрзо се појавија во судница. Сепак адвокатот Тасевски набрзо ја напушти судницата, истакнувајќи дека најверојато ќе и го откаже полномошното на Јанкулоска бидејќи е ангажиран во повеќе предмети, за кои рочиштата се преклопуваат.

На денешното рочиште исказ треба да дадат шест сведоци.

Поврзани новости