Тетовец на „тик-ток“ се пофалил како вози со 300 километри на час, полицијата го фати

by Fokus 11:52
11:52

Вчера (18.02.2021) полициски службеници на тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај го открила и санкционирала 24-годишниот Б.Ј. од Тетово, кој управувал патничко моторно возило „бмв“, со тетовски регистарски ознаки и околу 12.30 часот на автопатот Гостивар-Тетово се движел со брзина од 300 километри на час, а потоа видеото го поставил на социјалната мрежа „Тик-ток“.

Согласно член 36 точка 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата изготвен му е поднесок и тој ќе се соочи со парична глоба од 400 евра во денарска противвредност, а ќе му биде изречена и заштитна мерка – времено одземање на возачката дозвола до една година.

- Advertisements -

Поврзани новости