Антикорупциска бара мерки за министерот Хоџа и прекршочна постапка за директорот на МЕПСО

by Fokus

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница констатира дека во врска со случајот на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа е прекршен Кодексот за однесување на членовите на Владата односно принципот на владеење правото и оти носителите на извршните функции ги вршат своите овластувања и должности во согласност со уставот и законите. Прекрешени се и принципите на взаемно почитување и заштита на угледот на Владата и институциите, на одговорност и принципот за одбегнување на судирот на јавната и приватните интереси, според кој носителите на извршните функции ја извршуваат функцијата како основна и единствена должност и не смеат да вршат друга дејност која може да влијае врз непристрасно вршење на нивната должност и овластување.

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска информира дека ќе се испрати барање до овластеното лице за следење на етичкиот кодекс на Владата да преземат соодветни мерки кон министерот Хоџа.

– Носителите на извршните функции треба да се однесуваат професионално, да ги задржуваат највисоките стандарди на однесување односно да се однесуваат со особено внимание и почитување на личноста и угледот на секој поединец, исто така носителите на извршни функции ги почитуваат овластувањата на другите избрани и именувани лица и вработените во јавниот сектор кон кои се однесуваат во согласно со со овој кодекс, изјави претседателката на ДКСК, Ивановска.

Поврзани новости