Тетовец ќе плати 100 дневни глоби поради објава на ФБ против екс амбасадорка на САД

by Fokus

Обвинителството во Тетово до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против 40-годишен тетовец, кој се товари за повреда на угледот на странска држава.

„Со коментар со вулгарна и навредувачка содржина на социјалната мрежа Фејсбук, на 12.04.2022 година, обвинетиот ја изложил на подбив тогашната амбасадорка на САД во земјава и на тој начин го сторил кривичното дело“ – велат од Обвинителството.

Јавен обвинител до Основниот суд во Тетово предложил тетовец да биде казнет со парична казна од 100 дневни глоби.​

Поврзани новости