Писториус излегува на слобода – родителите на жртвата се противат

by Fokus

Родителите на Рива Стенкамп, жената која пред 10 години беше убиена од познатиот спортист Оскар Писториус, ќе се спротивстават на барањето на поранешниот параолимписки шампион за условно ослободување.

Адвокатот на семејството, Тања Коен, пред сослушувањето изјави дека родителите „нема да сметаат дека Писториус е рехабилитиран, освен ако не признае сè“.

Во ноември 2017 година, Писториус беше осуден на 13 години и пет месеци затвор за убиството на неговата девојка Рива Стенкамп.

На 14 февруари 2013 година, во неговиот дом во Преторија, тој пукал и ја уби Стенкамп низ затворената врата од бањата, бидејќи како што рекол, мислел дека има провалник во куќата.

Тој првично беше осуден за убиство од небрежност и доби петгодишна затворска казна, но подоцна Апелациониот суд ја укина пресудата и го осуди за убиство.

Писториус испука четири куршуми во Стенкамп, а судот наведе дека параолимпиецот не испукал предупредувачки истрел како отежнувачка околност.

Мајката на убиената, Џун Стенкамп, не сака Оскар да биде ослободен.

– Таа не мисли дека Писториус мора да биде ослободен – рекол адвокатот.

Одборот за условно ослободување ќе го разгледа и однесувањето на Писториус во затвор и дали тој би бил закана за општеството доколку биде ослободен.

Писториус е шесткратен освојувач на златен медал на Параолимписките игри и влезе во историјата како првиот спортист на кој му биле ампутирани двете нозе за учество на Олимписките игри.

Поврзани новости