539
Четириесет и петгодишен тетовчанец се бори за живот откако паднал од 8-миот кат од зграда, каде што живеел заедно со неговата мајка.
Во моментов е на лекување во скопската клиничка болница откако паднал од терасата од својот стан.
Според информациите, тој паднал врз паркиран автомобил и се здобил со тешки телесни повреди.
Од Секторот за внатрешни работи Тетово подоцна ќе утврдуваат дали се работи за несреќен случај, обид за убиство или обид за самоубиство.