Тесла ќе отпушти 10 отсто од својата глобална работна сила, вели извршниот директор на компанијата, Илон Маск, во интерен меморандум што тој го испрати до вработените во неделата, а до кој имаше пристап Ројтерс.
Зимус, вториот по големина производител на автомобили во светот, имаше 140.473 вработени на глобално ниво, од кои над 20.000 луѓе беа во фабриката во Фримонт во Калифорнија. Тоа би значело дека над 14 илјади вработени во Тесла во бројни земји низ светот ќе останат без работа.
Иако во меморандумот не е наведено точно колку работни места ќе бидат погодени од кратењето или каде, изворот на Ројтерс рече дека некои веќе биле известени за отпуштањата. За Business Insider, двајца запознаени со предметот рекле дека некои вработени веќе ги изгубиле службените мејлови.
„Намалување на трошоците и зголемување на продуктивноста. Додека ја подготвуваме компанијата за нашата следна фаза на раст, исклучително е важно да го разгледаме секој аспект за да ги намалиме трошоците и да ја зголемиме продуктивноста“, наведува Маск во меморандумот.
Тој посочува дека поради ова е направен темелен преглед на организацијата во компанијата и, како што се наведува, е донесена тешка одлука за намалување на бројот на вработени за повеќе од 10 проценти на глобално ниво.
Иако Маск постојано повторуваше дека нема ништо повеќе што мрази од отпуштања, тој често споделуваше отпуштања во минатото за да ги намали трошоците. Последен пат тоа го направил кратко откако го купи Твитер (сега Х) во 2022 година, кога отпушти повеќе од половина од работната сила.
Веднаш откако Ројтерс ја објави веста за отпуштањата, акциите на Тесла паднаа повеќе од еден процент.