417
Десетгодишно девојче е тешко повредено откако вчера било прегазено од автомобил, информира МВР.
-Вчера во 13:30 часот на регионалниот пат Мелнички Мост – Центар Жупа, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 37-годишниот А.П. од Скопје, удрило во 10-годишно девојче, кое се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Дебар. Се работи на расчистување на случајот.