Тешко повредена жена откако била удрена со возило на гостиварската болница

by valentina 14:45
14:45

Жена од Гостивар е тешко повредена откако во неа удрило возило во сопственост на гостиварската болница.

-На 10.10.2026 година во 09:45 часот, во ОВР Гостивар е пријавено дека на влезот од Ургентниот центар во Гостивар, патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на Општа болница Гостивар, а управувано од Ф.А.(52) од с.Чегране, удрило во пешакот З.В.(63) од с.Горна Бањица. По незгодата, З.В. била пренесена во Ургентниот центар Гостивар, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди, по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Гостивар, информираат од МВР.

Слични вести