1
Турски државјанин пријавил дека вчера, околу 4 часот по полноќ, биле запалени три автомобили.
-На 10.10.2026 во СВР Скопје О.А.(54) од Турција, со привремен престој во Скопје пријави дека околу 04:00 часот биле опожарени три возила од кои две возила „сеат“ и едно возило „бмв“ сите со скопски регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.