837
Триесет и седумгодишна кавадарчанка била тешко повредена на работното место во фирма во Кавадарци, соопшти МВР.
„Работничката М.Д.С.(37) од село Бегниште со тешки телесни повреди е донесена во Општата болница во Кавадарци. Таа се повредила при извршување на работни задачи во фирма во Кавадарци“, стои во соопштението.
Настанот во полицијата е пријавен од Општата болница во Кавадарци.
Известен е и јавен обвинител и трудов инспектор, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кавадарци.