Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа во Кисела Вода

by Fokus

На 26.10.2024 во 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Борис Трајковски“, ул.„Иван Козаров“ и ул.„Есенинова“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(52) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.К.(44) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости