530
Вчера попладне, 72-годишен жител на с. Горна Баница се здобил со тешки повреди откако при истовар на земја со товарно возило, паднал во провалија од околу 20 метри.
„На 21.04.2019 година околу 12.50 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека во с.Горна Баница, гостиварско, Ќ.М.(72) од Гостивар се здобил со тешки телесни повреди додека истоварал шут и земја во депонија во атарот на селото со товарно возило. Според пријвеното, при кревање на сандакот за истовар, истиот го повлекол во провалија од околу 20 метри. Со тешки телесни повреди Ќ.М. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.