Тешки денови за принцот Вилијам – тешко ја поднесе загубата на мајка му, а сега сериозно болни се татко му и сопругата

by Fokus

Сите блиски до принцот Вилијам признаваат дека тој никогаш не одбил да се соочи со бројни проблеми. Тоа го покажа како петнаесетгодишник кога погледите на светот беа вперени во него поради смртта на принцезата Дијана. Сега тој се соочува со уште еден голем предизвик, болеста на неговата сопруга и татко му, пишува Ричард Кеј за Дејли Меил.

Кеј е британски новинар кој се занимава со теми од монархијата и известува за кралското семејство. Тој беше добар пријател со принцезата Дијана, а како што кажа во претходните интервјуа, интензивно се дружеа и се среќаваа во нивното омилено место – црквата.

Додека шокот од дознавањето за болеста на Кејт полека стивнува и пораките на сочувство се влеваат во палатата Кенсингтон, се појави уште една сериозна загриженост, заклучува Кеј. Се поставува прашањето што му носи тешката болест на Кејт на кралското семејство, дали ќе преживее и дали овој немил настан ќе и стане најголема криза.

Факт е дека отсуството на принцезата од Велс и кралот е голем шок за кралскиот систем. Чарлс и Кејт се некако најхаризматичните членови на семејството, според новинарот, кралот во неговата сигурност и Кејт во нејзината убавина и сочувство.

– И покрај апелот на палатата за воздржаност кога станува збор за шпекулациите за сериозноста на ракот на Кејт, само за очекување е да се шират гласини. Загриженоста за добросостојбата на Куќата на Виндзор полека се шири меѓу луѓето. Во последно време, бројните настани како фото-скандалот за Денот на мајката и комеморацијата на поранешниот грчки крал покажаа колку е навистина кревко кралското семејство. Но, ако историјата не учи едно нешто за монархијата, тоа е дека таа има способност да ги надмине повеќето пречки. Преживеаја револуција, граѓанска војна и најмрачни закани. Дури пред 30 години, тогашниот принц од Велс беше отпишан како иден монарх поради распадот на неговиот прв брак. Успешно ја надминаа таа криза, а постои претпоставка дека неговата сопруга Камила би можела да биде решение за оваа нова – пишува понатаму.

Некои несомнено ќе сугерираат дека принцот Хари треба да ја послуша оваа итност и да брза кон британските брегови за да ги реши своите несогласувања со Вилијам и да го продолжи своето место како истакнат работен член на кралското семејство. Во овој момент тоа би било непожелно и веројатно нема да се случи.

Кралот се лекува за својата болест, а Кејт важи за силна жена и подготвена за борба, но сомнежите се уште постојат. Ако Вилијам не може да ги извршува своите должности, постои друга опција, неговата тетка и сестрата на Чарлс, принцезата Ана.

Таа и другите помлади членови на кралското семејство, како што се принцот Едвард и сопругата Софи, мора да се погрижат семејството да ја надмине оваа криза и да остане во центарот на британскиот живот. Се верува дека искреноста за состојбата на принцезата е голем плус за семејството.

Од смртта на кралицата Елизабета, семејството минува низ турбулентен период, но се верува дека монархијата ќе опстане и дека ја има поддршката и благодарноста од народот бидејќи ја водеше Британија низ најтемниот период од Втората светска војна.

Поврзани новости