Сообраќајка во Порта Влае, двајца повредени

by Fokus

Тешка сообраќајна незгода се случи вечерва на булеварот „Партизански одреди“ во скопската населба Влае, во непосредна близина на комплексот „Порта Влае“.

Според неофицијални информации на МВР за ” Фокус” возило удрило во други паркирани возила, и во моментот се пријавени две полесно повредени лица кои се пуштени на домашно лекување.

Во несреќата оштетени се повеќе возила и притоа е срушена метална бандера.

Во незгодата учествувале три возила. На местото на настанот веднаш реагирале екипи на Брза помош, Противпожарната единица и полиција.

С.Т.

Поврзани новости