Тешка сообраќајка во кумановско, повредени се три лица

by Fokus

Три лица се повредени во сообраќна несреќа што се случила вчера во кумановско.

– На 15.05.2024 во 06.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат Куманово-село Макреш, во атар на истото село, општина Старо Нагоричане, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат кордоба“, управувано од Ј.С.(45) од Куманово и патничко возило „рено меган“, управувано од А.С.(36) од село Канарево, кумановско, двете со кумановски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ј.С., додека неговиот сопатник С.А. и другиот возач А.С. се здобиле се телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово, соопштија денеска од полицијата во дневниот билтен.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Поврзани новости