Вчера вечерта се случила тешка сообраќајна несреќа на локалниот пат Скопје – ХЕЦ Козјак, во која со повреди се здобиле седум лица, пренесуваат од МВР.
„На 26.06.2021 во 19,30 чaсот било пријавено дека на локалниот пат Скопје – ХЕЦ Козјак се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “опел“ со скопски регистарски ознаки управувано од Р.В.(27) од Скопје и патничко моторно возило “опел“ со скопски регистарски ознаки управувано од Л.Ќ.(40) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Р.В. и малолетен сопатник од другото возило констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ и Градската општа болница “Св.Наум Охридски“, а со телесни повреди се здобила Л.Ќ. и сопатниците од двете возила И.С.(68), М.С.(64), Д.Г.(27) и малолетник, сите од Скопје, констатирани во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје“, велат од Министерството за внатрешни работи.