Тешка сообраќајка на патот Куманово-Крива Паланка, автомобил удрил во цистерна

by Фокус

Сообраќајот на патот Куманово-Крива Паланка е во прекин поради тешка сообраќајка што се случи кај селото Облавце, во која едно лице го загуби животот, а петмина се повредени.

Инаку, сообраќајната во која учествувале три возила настанала во момент кога автомобил претекнувал и се забил во камион-цистерна, кој потоа се запалил.

На местото на настанот се упатиле повеќе амбулатни возила, противпожарно возило и возила на шлеп служба, а полицијата врши увид.

Поврзани новости