Тешка несреќа на автобус од Македонија во Италија: Еден загинат и 12 повредени

by Fokus

Тешка автобуска несреќа се случила денеска во Италија, во која животот го загубил возачот државјанин на Македонија, а повредени се 12 патници исто така државјани на Македонија.

Веста ја потврди Министерството за надворешни работи. Според информациите несреќата се случила на автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона во Италија.

„Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија преку Амбасадата во Рим информирано е дека денес на автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона во Италија се случила сообраќајна незгода во која учествувал автобус на туристичка агенција од Северна Македонија, при што на лице место починал возачот на автобусот, Р. И. (1965 година) државјанин на Северна Македонија, додека полесно повредени се 12 патници, исто така наши државјани.

Министерството преку Амбасадата во Рим останува во континуирана комуникација со надлежните италијански институции, кои работат на целосно расчистување на случајот“ наведуваат од МНР.

Поврзани новости