(Видео) Детали за несреќата во Италија: Автобусот со македонски туристи се судрил со два камиони

by Fokus

Италијанските медиуми објавија фотографии од сообраќајната несреќа во која учествуваше автобус со македонски туристи, при што загина возачот на автобусот а повредени се 12 патници.

Според информациите, автобусот се судрил со два камиони на автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона. До верижниот судир, како што јавуваат италијанските медиуми, дошло денеска околу 10 часот.

По судирот, едниот од камионите се запалил во тунел, a причините се’ уште се утврдуваат. Се споменува дека едниот од камионите пренесувал алкохол.

Македонските патници се пренесени во болница, пишуваат италијанските медиуми.

Поврзани новости