445
Арапски државјанин уби најмалку три лица во израелскиот град Бершеба, а потоа напаѓачот бил ликвидиран со огнено оружје, соопштија денеска полицијата и итната медицинска помош.
– Веројатно станува збор за само еден терорист кој убил со нож, изјави портпаролот на полицијата Ели Леви на ТВ каналот 13.
Тој истакна дека еден цивил ја презел иницијативата и пукал во напаѓачот.
Службата за итна медицинска помош соопшти дека напаѓачот убил три лица, маж и две жени, а повредени се уште најмалку три лица, од кои едното се наоѓа во тешка состојба. Израелските медиуми наведуваат дека напаѓачот е арапски државјанин на Израел, но полицијата не го идентификувала веднаш јавно.