Исклучување на Русија од Г 20, воена помош за Украина

by Фокус

Полска денеска соопшти дека предложила на американските претставници Русија да биде исклучена од групата Г20 големи светски економии и дека тој предлог добил позитивен одговор.

Полскиот министер за економски развој и технологија Пјотр Новак рече дека за тоа се разговарало на состаноците одржани во Вашингтон минатата недела.

-За време на состаноците со, меѓу другите, американскиот секретар за трговија Џина Раимондо, дадовме предлог Русија да се исклучи од Г20, што наиде на позитивен одговор и одобрување, а прашањето треба да му се предаде на претседателот Џозеф Бајден – изјави Новак пред новинарите во Варшава.

Паралелно со затегнувањето на санкциите кон Русија, европските сојузници и испорачуваат помош на Украина.

Во таа насока, Велика Британија им обезбеди на украинските сили повеќе од 4.000 противтенковски ракетни системи за да помогне во, како што соопшти Министерството за одбрана, нивниот отпор против руската агресија.

Поврзани новости