Тереза Меј низ солзи најави оставка: Жалам што не успеав да го испорачам Брегзит!

by Фокус

Британската премиерка Тереза Мeј објави дека ќе се повлече од функцијата претседател на владејачката Конзервативна партија на 7 јуни, со што ќе се отвори патот за избор на нов премиер. Во емотивната изјава на Даунинг стрит, Мeј рече дека направила се за да го почитува резултатот од референдумот во 2016 за напуштање на ЕУ, но, како што истакна таа, длабоко жали што не беше во можност да го испорача Брегзит.

-Дадов се од себе. Се обидов да договорам најдобри услови, направив се за да ги убадам пратениците да го поддржат договорот. За жал, не успеав. Три пати се обидов. Верувам дека беше правилно да се издржи. Но, сега верувам дека е потребно нова личност да се обиде. Ќе поднесам оставка во петок на 7 јуни – рече низ солзи Меј, која е втора жена-премиер на Велика Британија.

Нејзината оставка следува откако не успеа да постигне договор со Ториевците за договорот за Брегзит, но и по силниот притисок од нејзината партија. Таа стана премиер во јули 2016 година, а нејзиниот наследник ќе биде познат за шест недели.

Поврзани новости