Сопственикот на опожарениот стан во Карпош заврши на Токсиколигија

by Фокус
Пожарот кој изби пред околу еден час на 16-тиот кат во една од кулите во скопската населба Карпош 4 предмалку е изгаснат, а станарот е пренесен на Токсикологија поради вдишување чад.
Полицијата засега нема информација која е причината за пожарот, па повеќе детали за пожарот се очекуваат во текот на денот.
Според неофицијални информации што ги објавија дел од медиумите, пожарот избувна претпладне околу 10.00 часот од плинска боца.
Од запалениот стан пожарникарите успеале да го спасат сопственикот кој од терасата барал помош.
Голем дел од станарите беа евакуирани од зградата, а пристигнатата брза помош пружи соодветна медицинска нега.

Поврзани новости