Хрватската музичка дива Тереза Кесовија ги загрижи своите обожаватели, откако пред неколку дена хрватските медиуми објавија дека е хоспитализирана, бидејќи се бори со стрептокока, која предизвикала воспалување на поткожното ткиво. Дополнителна причина за грижа се и нејзините години, односно пејачката има 84 години, и покрај тоа што е постојано активна.
Денес, таа се огласи на социјалните мрежи и порача дека е во својот дом, се чувствува добро, и се заблагодари на медицинските тимови кои се грижеле за неа.
Исто така, за хрватските медиуми раскажала дека позитивниот дух не ја напуштил во ниту еден момент, па се случило во тек на ноќта, пред спиење, да и исполни музичка желба на дежурната медицинска сестра.
-Голема желба на сестра Михаела и беше да и ја запеам песната ,,Моја прва и последна љубов,,. Без проблем од кревет и ја отпеав цела песна, а таа заплака од среќа и ми рече дека сум и го разубавила остатокот од ноќта, па дежурството нема да биде тешко – раскажа Кесовија.
Таа е активна на музичката сцена повеќе од шест децении. Зад себе има два брака и два разводи, и мајка е на Алан од кого ја има внуката Мила. Важи за една од најбогатите пејачки на Балканот, а нејзиното богатство според веб портали кои се објавуваат податоци за најбогатите луѓе во светот, од сите области, е проценето на неколку милиони долари.
Вики Клинчарова