Дванаесет часа откако беше отркиено местото каде што се сруши приватниот авион „Пајпер” со германски таблици, истрагата се уште е на почеток и не се знаат можните причини за несреќата.
Тешката пристапност до теренот и лошото време дополнително ја отежнуваат истрагата. Увидните екипи денеска успеаја да ги пронајдат телата на шесторицата загинати во кобната несреќа и истите се предадени на обукција. Сите се италијански државјани, од кој еден имал косовско потекло.
Од обвинителството утрово информираа дека на распит се свикани двајца пилоти од Италија кои со други две летала слетале на скопскиот аеродром, а било повикано и стручно лице компетентно за овој вид несреќи.
Обезбеден е и дрон кој треба да изврши воздушно снимање на теренот каде што се случила авионската несреќа. Како што рекоа од обвинителството, снимките од дронот ќе бидат од голема помош за утврдување на динамиката на движењето на леталото, како и за разоткривање на начинот на кој дошло до несреќата“.
Според досегашните информации, во последното јавување на пилотот немало знаци на проблеми, а летот се одвивал нормално, за само на четири минути пред планираното слетување на пистата во скопскиот аеродром да исчезне од радарот.
Летот завршил трагично на десет километри јужно од аеродромската писта.