Телата на загинатите во авионската несреќа предадени на обдукција

by fokus

Увидните екипи кои се на местото каде вчера се урна приватниот германски авион, од типот „Пејпер“, ги пронашле телата на сите шест починати патници. Сите се италијански државјани од кои еден имал косовско потекло.

„Станува збор за пет мажи и за една жена. Телата се подготвени за пренесување во Институтот за судска медицина, каде во наредниот период по налог на јавен обвинител ќе следува постапка за идентификација“, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Претходно, од обвинителството информираа дека на распит се свикани двајца пилоти од Италија кои со други две летала слетале на скопскиот аеродром, а било повикано и стручно лице компетентно за овој вид несреќи.

Поврзани новости