Тепаниот Богоевски претседател, вратарите Муковски и Тарчуловски членови на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања

by fokus

Собраниската Комисија за избори и именувања денеска за претседател на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања го предложи Павле Богоевски, а двајца од членовите се и Крсто Муковски и неговиот колега пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Јохан Тарчуловски.

Муковски и Тарчуловски се дел од пратениците кои на 27 април им ги отворија вратите од Собранието на насилнците кои потоа внатре го тепаа Павле Богоевски и другите пратеници од мнозинството.

Ако има предлог од обвинител за одредување мерка притвор за пратеник, тогаш за тој предлог одлучува најпрвин Комисијата за мандатно-имунитетни прашања.  Ако се изгласа таму предлогот, тогаш тој оди на гласање пред Собранието.

 

Поврзани новости