340
Тепачка настанала вчера пред полноќ во централата на една скопска такси компанија, лоцирана на улицата „Димитар Туриманџовски“.
Како што информираат од полицијата вработен таксист, на возраст од 53 години, и неговата 47-годишна сопруга, дошле во централата и почнале да и се дерат и да ја навредуваат вработената диспечерка, 23-годишната Р.Л.
По кратко време, истата го повикала нејзиниот сопруг Б.К.(35) кој дошол во централата со негов пријател, при што дошло до меѓусебна пресметка помеѓу лицата. Причина за нарушувањето била тоа што С.Р. во текот на денот додека работел како такси-возач бил казнет-исклучен од страна на диспечерката Р.Л.
Од полицијата велат дека се работи на целосно расчистување на случајот.