Тепачка во штаб на ДУИ

by fokus

Во седиштето на ДУИ во Мала речица пред речиси целиот врв на ДУИ вечерта кога пристигнувале резулатите од изборите настанала тепачка, пишува Либертас повикувајќи се на свои извори од партијата.

Според нив, превирањата во раководството на ДУИ настанаа откако партијата изгуби половина од пратеничките места. Незадоволни членови почнале да се расправаат за падот на рејтингот на партијата и набрзо вербалната расправија прераснала во тепачка.

Извори на партијата брифираат и дека голем дел од членството на ДУИ врши отпор и не се согласува да се повтори коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости