391
Шест лица се приведени во групна тепачка вчера на булеварот „АСНОМ“ во Аеродром, по фудбалски натпревар. Неколку лица се здобиле со повреди во тепачката, а 22-годишно момеч било прободено во левата рака.
„На 11.08.2019 во 19,30 часот во ПС Аеродром биле приведени Ѓ.М.(22), К.Х.(35), Б.А.(65), Ф.С.(19), Д.Т. (33) и А.М. (22) сите од Скопје поради физичка пресметка по завршување на фудбалски натпревар на булеварот „АСНОМ“, во близина на стадионот „Петар Милошевски“. При пресметката со повреди се здобиле неколку лица, а А.М. се здобил со повреда од остар предмет на левата рака. Се превземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од полицијата.