Тепачка на скопската Клиника за Гинекологија

by Fokus

Вчера настанала тепачка на скопската Клиника за Гинекологија, информираа од МВР.

Според информациите во полицискиот билтен, вчера во 14,25 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ во Клиниката за гинекологија бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу Б.С.(51) и С.С.(33) од една страна и А.А.(30) и А.С.(27) од друга страна разменувајќи  си  удари  со раце и  нозе во пределот на главата и телото. Сочинети се четири записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Поврзани новости