Во Центарот за бездомници Чичино Село настанала тепачка откако петмина тамошни станари се степале со еден сосед. нападнатиот за да се одбрани почнал да прска со солзавец, а кога дошла полицијата сите заработиле пријава за нарушување на јавниот ред и мир.
-Околу 19,45 час во кругот на Центарот за бездомници Чичино Село, село Грчец бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка помеѓу лицата Ф.И.(62), Р.Р., Ф.Р.(34),Ф.Ш.(29) и едно 17 годишно лице сите од една страна и З.С.(58) од другата страна, сите од Скопје со привремен престој во Чичино Село. Лицата најпрвин си нанеле неколку меѓусебни удари по што З.С. со спреј-солзавец ги испрскал по лицето и очите. По преземени мерки сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, информираат од МВР.