Патник со пиштол ограбил таксист

by fokus

Патник со закана од пиштол синоќа ограбил таксис, на кој наместо да му плати за услугата, му го земал дневниот промет.

-Околу 22,40 часот од страна на М.Г.(36) од Скопје е пријавено дека на улица “Методија Митевски”  во Скопје додека чекал патници на такси станицата се качило непознато лице кое побарало да го одвезе до одредена локација со населба Чаир. Откако пристигнале на наведената локација, непознатото лице со закана со огнено оружје одзел 2.000 денари од пријавителот и го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот, информираат од МВР.

Поврзани новости