Тензично во Собрание, Џафери до Мицевски: Оди седи, ако не си за тепање

by fokus

Тензии и меѓусебни навреди се случуваа попладнево на собраниската седница која траеше и по работното време, откако координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски побара процедурално, но спикерот Талат Џафери не му дозволи.

Џафери побара да се гласа за дневен ред, иако претходно даде збор на двајца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои не излегоа на говорницата.

Потоа се случуваше вистински хаос, а во еден момент Џафери му се развика на Мицевски.

-Оди седи на твое место ако не си за тепање, му порача Џафери на Мицевски.

Инаку дневниот ред на седницата беше усвоен со 61 глас „за“, 39 „против“ и без „воздржани“.

Откако Џафери ја стартуваше седницата и не беа отворени дебати за првите точки од дневниот ред поради отсуство на претставници на предлагачите, на предлог на Џафери беше изгласано да се работи по точка 13 – Предлог-закон за изменување на Законот за финансиските друштва.

По реакциите и барањата да се достави изменетиот дневен ред седницата беше прекината, а нејзино продолжение Џафери најави за утре напладне.

 

Поврзани новости