348
Откако од СПУКМ насилно ги украдоа гласачките кутии и од УКИМ ги однесоа во своите канцеларии, студенти и претставници на Студентскиот пленум отидоа пред СПУКМ.
Претставници на Студентскиот пленум влегоа во канцелариите и бараат објаснување од Студентскиот парламент да им објаснат зошто насилно ги однесоа гласачките кутии од УКИМ, и покрај тоа што според Статутот, гласовите треба да се бројат на лице место.
Од Пленумот повика и полиција во СПУКМ поради поради нарушување на јавен ред и мир и насилство од страна на претставници на Парламентот. Полицијата во моментот влезе во канцелариите.