Непосредно пред објавата на пресудата во процесот „Милка“ атмосферата пред скопскиот судот е тензична. Дел од роднините на обвинетите останаа пред судот зашто нема место за сите во судницата и тоа ги налути членовите на семејствата. Те се скараа со судската полиција, по што еден од полицајците интервенираше и ги отстрани поагресивните.
Според правилата само по еден од семејствата може да влезе во судница, така што во моментов има повеќе луѓе надвор отколку внатре. Полицајци има и пред и зад зградата на судот.
Денеска треба да падне судската одлука за процесот„Милка“ во кој обвинети се 32-ца за шверц на говеда од Македонија во Албанија. Од обвинетите 14 лица се недостапни, претежно државјани на Албанија кои официјална Тирана одби да ги екстрадира, додека од останатите најголем дел се во притвор.
Во скандалот обвинети се полицајци, ветеринари и сточари.