Тензично на седницата во Центар – Шиповиќ и советниците од СДСМ во судир за десеткатницата на Водно

Тензична е седницата во општина Центар каде што на дневен ред се двата спорни детални урбанистички планови меѓу кои е и изградбата на десеткатница на Водно. Во конфликт влегоа градоначалникот на Центар Андреј Жерновски и претседавачот на советот Мирослав Шиповиќ.

„Каде бевте вие на минатата седница да гласате против ДУП-овите, зошто си заминавте?“, ги праша Шиповиќ советниците од опозицијата.

По гласното негодување на советниците од СДСМ, Шиповиќ даде пауза, по што се очекува да почне гласањето. Само од гласот на Шиповиќ зависи одлуката дали ќе се гради на Водно, бидејќи во спротивно, гласовите меѓу власта и опозицијата во општина Центар би биле изедначени.

Претходно, Жерновски предупреди дека десеткатницата на Водно не треба да се гради бидејќи претставува опасност, а Шиповиќ го прекина со барање да не носи оценки врз база на политичка основа, туку да се задржи на конкретните точки на дневен ред.
Инаку, седницата во општина Центар ја следи и претставник од ОБСЕ.

Поврзани новости