476
Денеска започна расправата за ребалансот на Буџетот на пленарна седница која може да трае најмногу до пет дена.
Првиот ден започна со тензии на релација власт-опозиција, која обвинува дека ребалансот е расипнички, а од друга страна власта тврди дека е развоен.
Опозициските пратеници на ВМРО-ДПМНЕ велат дека непотребни задолжувања се предвидени со ребалансот и зголемени трошења кои не носат никаква продуктивност.