Припадници на македонската специјална полиција употребија солзавец за да ги потиснaт мигрантите кои се обиделе да влезат од граничната зона во Македонија. На видео снимката објавена од новинската агенција Ројтерс се гледа и дека има повредени лица, пренесе Радио Слободна Европа.
Македонската влада вчера прогласи кризна состојба и ја затвори јужната граница за мигрантите, главно сиријци кои доаѓаат од Грција. Тие, неколку илјади, ноќта ја минале на отворено на граничната зона меѓу Македонија и Грција.
Одлуката на Владата има за цел да спречи какви било посериозни проблеми и закани по локалното население, односно по жителите кои што живеат во гевгелискиот регион и да спречи какви било дополнителни проблеми, но и да обезбеди посоодветен третман на оние лица, илегални мигранти кои влегле во Македонија и изразиле намера за азил.
Гевгелиските портали објавуваат и за посериозно инциденти од текот на ноќта.