Тенковите што ги донира Македонија се купени од Украина, а не донација од Русија, тврди Георгиевски

by fokus

Тенковите што и ги донираше Македонија на Украина, доколку се истите оние кои се набавени во кризата 2001 година, Македонија не ги доби како донација од Русија, како што пишуваат некои медиуми, туку државата ги купи од Украина, тврдат од ВМРО-Народна партија чиј лидер, Љубчо Георгиевски, беше премиер за време на конфликтот.

-Државата ги купи од Украина, што беше многу важна помош со оглед дека тогаш имаше неофицијално емабрго за продажба на оружје за Македонија.

Сакаме да додадеме и нагласиме дека дека тенковите не се добиени како помош туку се купени со македонски пари. Согласно тоа добро е Северна Македонија да добие некаква компензација од НАТО земјите со оглед на фактот дека ова оружје е се уште функционално и употребливо, се вели во соопштението.

Откако на социјалните мрежи се појавија фотографии од транспорт на тенкови, Министерството за одбрана потврди дека тенковите се испраќаат за Украина како донација од Македонија.

Потоа рускиот портал „Газета“ пренесе дека Македонија и ги предала на Украина тенковите Т-72, ​​испорачани од Русија во 2000 година за време на конфликтот.

Поврзани новости