Во поголем дел од земјава утринските температури се над нулата: 1 степен во Тополчани, Виница, Тетово, Штип, Прилеп, два степена во Скопје (мерна станица Зајчев Рид), Струмица, Дојран, Куманово, 3 во Дебар, Претор, Скопје (Петровец) и Демир Капија и четири степени во Охрид и Гевгелија.
Девет сантиметри снежна покривка е измерена во Крушево и Лазарополе, осум во Маврово и четири сантиметри во Пожаране.
Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека утрово во земјава времето е претежно облачно. Во западните планински делови има врнежи од снег, а во преспанскиот и дебарскиот регион врнежите се од дожд. По одделни котлини има појава на слаба магла, а на некои повисоки места ниска облачност и намалена видливост, од 50 до 200 метри. Дува слаб ветер од југоисточен правец.
Во текот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во крајните западни делови со врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер. Највисоката дневна температура ќе се движи во интервалот од 4 до 12 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Највисоката температура ќе достигне до 8 степени.
Утре претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во западните делови облачно и преку целиот ден со врнежи од дожд, а на планините од снег. До крајот на денот врнежите ќе се прошират насекаде. На повеќе места во западните делови врнежите ќе бидат обилни. Во текот на ноќта поради нагло заладување врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен југозападен ветер, кој кон крајот на денот ќе се промени во северозападен.
И во четврток на планините во северозападните делови ќе има врнежи од снег претежно со умерен интензитет, така ш