Темелковски за 100 згради во Расадник: Сме добиле мандат да носиме одлуки, па граѓаните на избори ќе пресудат

by fokus

Градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски во вечерашното гостување на ТВ 24 во однос на урабанистичкиот план кој предвидува 100 згради во Расадник, вели дека тие имаат добиено мандат да носат одлуки кои некогаш се популарни, некогаш не.

-121 анкетен лист беа доставени од граѓани со барања да не се донесе планот, дел да има поголем паркинг простор, а околу 70 се од сопственците на земјиштето кои бараат зголемување на бруто површината за градење. Ние сме добиле мандат да носиме одлуки кои некогаш се популарни, некогаш не. На крај одговорноста ја сносиме ние, а граѓаните на избори ќе пресудат и ќе кажат дали сме постапиле правилно или не. Се надевам дека се е покриено со закон. Им верувам на комисијата и на планерите дека не го изиграле законот и дека сме во рамки на предвидените бројки. Ги слушав анализите на новинарите, сметам дека најголем дел се правени без да се види планот, смета Темелковски.

Поврзани новости