(ФОТО) Макрон го пречека Пендаровски

by fokus

Македонскиот претседатело Стево Пендаровски вечерва присуствува на вечерата пред Парискиот мировен форум. Беше пречекан од францускиот претседател Емануел Макрон.

-Вечерва имав чест да присуствувам на вечерата во пресрет на Парискиот мировен форум, на покана на францускиот претседател Емануел Макрон, заедно со шефовите на држави и учесници на Форумот, на кој ќе дискутираме за потребата од заеднички решенија за справување со глобалните предизвици, напиша Пендаровски на Фејсбук.

Тој утре ќе има и средба со Макрон, на која се очекува да разговараат за ЕУ перспективата на Македонија.

Поврзани новости