Кандидатот за градоначалник на Кисела Вода од СДСМ и коалицијата, Филип Темелковски, денеска изјави дека ќе ја вратат моќта на месните и урбаните заедници, и дека ќе бидат опремени со технички услови за зајакнување на нивниот правен статус.
-Преку нив директно ќе ги вклучиме граѓаните во креирањето на буџетот, во носење клучни одлуки и во целосна контрола на локалната власт. Воведуваме строго наменско, транспарентно, домаќинско и одговорно користење на буџетските средства, преку редовно известување за сработеното, и преку отчетност до секој граѓанин на општината. Накусо, Воведуваме Европска, отворена и услужна локална самоуправа, општина за сите, рече Темелковски.
Додаде дека со компјутерско поврзување на исто место ќе може да добиваат услуги, и од органите на локалната, и од органите на централната власт.