Тематска седница на Владата за реформските приоритети и посетата на Хан

by fokus

Владата утре ќе одржи тематска седница посветена на реформските приоритети и посетата на еврокомесарот Јоханес Хан.

Во 13:10 утре премиерот Зоран Заев, ќе се сретне со Еврокомесарот за соседска политика и проширување на Европската унија, Јоханес Хан на тет-а-тет средба во кабинетот на Заев.

Потоа ќе биде остварена средба на делегација на Владата предводена од Заев во чијшто состав ќе бидат и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров со делегација на Европската унија предводена од Еврокомесарот Хан.

Во 13:40 часот ќе има тематска седница на Владата на Република Македонија посветена на итните реформски приоритети за евро-атланските интеграции на којашто ќе присуствува и Еврокомесарот Јоханес Хан.

Во 14:45 ќе се одржи заедничка прес конференција на претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и Еврокомесарот за соседска политика и проширување на Европската унија, Јоханес Хан.

Поврзани новости