Телото на Никола предадено на обдукција

by fokus

Телото на починатиот 21-годишник Никола Саздовски е предадено на обдукција со наредба на наддлежен јавен обвинител.

Од Основното јавно обвинителство Скопје велат дека се преземаат дејствија во истражна постапка за утврдување на фактите во предметот.

„Донесена е Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица за сторено кривично дело Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во ова кривично дело, во ставот 6 е нормирана и  настаната тешка телесна повреда или смртна последица од извршеното кривично дело насилство. Основното јавно обвинителство Скопје по прибирање на релевантниот доказен материјал, негово проучување и анализа ќе донесе јавно обвинителска одлука во која ќе утврди и правна квалификација на стореното дело“, велат од ОЈО.

Поврзани новости